439
Никола Груевски се исплаши и повторно побегна од дуел. Груевски денеска побегна и од закажаните соочувања на МТВ и телевизија Телма, се вели во реакцијата на СДСМ.
-Со ваквото однесување Груевски покажа дека нема елементарна политичка култура. Тој не ги почитува избирачите затоа што се плаши да излезе на јавно соочување и да објасни што точно им нуди на граѓаните. Груевски има страв од директни и јасни прашања кои не се однапред договорени со него. Никола Груевски реши својата политичка кариера да ја заврши онака како што ја започна. Без ниту едно едно директно соочување со политичките противници- велат од СДСМ.