Трајанов: Мафијата ќе ја сместиме во Идризово!

by fokus

Коалицијата за Промени и Правда вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје. Тука прв се обрати Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица.

-Вечерва од Скопје објавувам дека дојде крајот на режимот, народот му ја покажа вратата и громогласно извикува, марш да ве нема ,доста грабавте, доста сеевте страв, не ви се плашиме. Ве повикувам сите заедно да го срушиме овој авторитарен режим, подржете не, дајте ни шанса да за една година расчистиме со политичката мафија – повика Трајанов.

Тој порача дека еднопарстискиот систем може да се демолира со 15 до 20 пратеници. А по смената на власта, Трајанов ветува дека парите ќе ги вратат кај народот преку конфискација.

-Промените се за да има систем за да одговара и Премиерот и Министрите ако го кршат Уставот. Политичката мафија ќе ја сместиме во БИЗНИС ЦЕНТАРОТ ВО ИДРИЗОВО, таму каде што тие испратија десетици, само затоа што не сакале да им служат и да бидат нивни послушници… Ќе има реформи во системот за безбедност и судството. Тие што монтираа и фабрикуваа судски случаи и праќаа невини во затвор, ќе мора да понесат одговорност – порача Трајанов.

Поврзани новости