-Груевски не може да го промени јавното мислење и перцепцијата на граѓаните со нарачани и нереални анкети. Граѓаните знаат какво е нивното мислење, а тоа е збогум на криминалот и корупцијата на фамилијата, на братучедот Мијалков и кумот Ставрески, збогум на лошата економска, социјална, образовна и здравствена политика, збогум на иселувањето на младите и осиромашувањето на граѓаните, вели СДСМ во денешното соопштение.
Според опозициската партија, огромната, растечка поддршка на граѓаните за СДСМ за Зоран Заев предизвикувала голема нервоза и панични реакции кај Никола Груевски.
-Како што се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски така му се потребни се поголеми нарачани бројки во анкетите. Ниту анкета од 102% нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години. Никола Груевски ќе ја види вистинската анкета на 24-ти април кога ќе победи слободна и напредна Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.