Спасовски: Се спроведува темелна истрага за фалсификуваните лични карти

by Фокус

-Мојот став и денеска е дека мора да имаме квалитетна истрага. Не треба да имаме брза истрага, туку напротив, треба да имаме квалитетна истрага којашто ќе покаже кој тоа го направил, зошто го направил, дали го направил по нечија наредба, за што биле употребени овие фалсификувани лични карти итн., бидејќи самото фалсификување на лични карти, патни исправи или какви било други документации е недозволиво, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Министерот Спасовски вели дека смета дека реакцијата на заменикот-министер Чавков е пребрзана во овој момент кога се води истрагата да соопштуваат детали коишто според закон не смеат да се соопштуваат.

-Повторно како да сакаме предвремено нешто да затвориме, како да сакаме нешто можеби да прејудуцираме во целата оваа постапка, што не е добро за истрагата. Јас тоа го кажав и на почетокот, ова е сериозна афера, којашто мора сериозно да биде истражена заради угледот и на Македонија и на МВР, вели Спасовски.

Тој зборува и за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека наводно вработувал партиски кадри за свои соработници и вели дека апсолутно е недозволиво МВР да се поистоветува со која било политичка партија и додава дека тој тоа нема да го дозволи во ниту еден случај, ниту СДСМ ќе се наметне во начинот на функционирањето или делувањето во МВР.

Поврзани новости