Македонија ќе добие нова Влада, Груевски знае што следува и затоа избега, реагираат и денеска од СДСМ на заминувањето на Никола Груевски на Малта во моменти кога во Собранието треба да се избере негов претседател.
-Никола Груевски нема аргументи за политичката криза со којашто до кулминација ги загрозува егзистенцијата на граѓаните, бизнисите, мирот и стабилноста во Македонија. Да имаше што да им објасни Никола Груевски на граѓаните околу ова што го прави, немаше да ги остави неговите пратеници со апсурдни реплики сами на себе, да одат против нивното човеково достоинство и против достоинството на Парламентот. Ниту пак ќе ги оставеше граѓаните кои ги возменирува со лаги, да ги минуваат деновите сами по улиците. И се тоа додека тој се шета и крие на Малта. Има парламентарно мнозинство видливо за целата домашна и меѓународна јавност. Има и Програма на новата реформска Влада за унитарана Македонија која носи квалитетен живот за сите граѓани и евро-атлански перспективи. И волјата на мнозинството граѓани ќе се реализира, бидејќи тоа вистинскиот пат за Република Македонија и тоа е добрата иднина на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.