Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во очај – нема да можат да фалсификуваат уште едни избори, a без изборен инжинеринг, ги очекува пораз на 11 декември, велат денеска од СДСМ.
-Секој политичар со макар трошка совест би се засрамил од фактите што излегоа на виделина при прочистувањето на избирачкиот список. Но осомничениот Груевски не е таков политичар. Затоа неговата политичка кариера заврши.
Бројките се фрапантни за сите што сакаат да живее во нормална држава. Вкупно 200.000 гласови и биле на располагање на власта за изборен инжинериг. Веќе нема да може да бидат злоупотребени. Од нив, за 170.000 е констатирано дека се надвор од земјата и се ставени на посебен список, а 30.000 воопшто не постојат. Се потврдија проценките на СДСМ дека гласачкото тело во Македонија е еден и пол милион гласачи. Готово е Груевски! Нема веќе изборни измами! Нема веќе крадење гласови!, се вели во соопштението на СДСМ.
Од опозициската партија додаваат дека Груевски ќе одговара за сите прекршувања на законите, вклучително и за изборниот криминал што е правен во изминатите години.