Напразно се мачи да лаже Никола Груевски, а ги вовлекува во одговорност и институциите да лажат, како што тоа го прави со Државниот завод за статистика, реагираат денеска од СДСМ на изјавата на Груевски дека ја намалиле невработеноста во Македонија.
-Ниту се намалува сиромаштијата во Македонија, ниту невработеноста се намалува. Се намалува само бројот на луѓе во државава! 626.312 илјади луѓе според Светска банка заминале од Македонија.Во Македонија живеат 500.000 сиромашни граѓани. Најмалку 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден! Обвинетиот Никола Груевски со право е уплашен од над еден милион граѓани на кои тој и неговата власт им го уништија животот. Се ближат избори и на нив граѓаните ќе одлучуваат, доста тој одлучуваше за нив, стои во реакцијата на СДСМ.
Од партијата велат дека на 11 декември граѓаните ќе си го вратат животот во Македонија и дека ќе има ревизија и одговорност за сите лични и институционални злоупотреби на штета на граѓаните на Република Македонија.