440
Претседателот на ОО, СДСМ,Центар Саша Богдановиќ во 23-тата „бомба“ објави аудио-снимки во кои ќе се слушнат изборните манипулации во Центар, бушењето на гумите, расипаните лифтови само да не успеат центарци да излезат да гласаат, за човечињата од Пустец, потоа кршењето на партиските штабови и крадењето на избирачките списоци.
Во првиот сет разговори меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, премиерот го бриша и црта криминалниот проект „Скопје 2014“, потоа договара како треба да изгледа офицерскиот дом заедно со грчкиот бизнисмен Кондоминас и тврди дека целиот плоштад е нивни, а го купиле од Алек Теранова.