Груевски до Јанакиески: Да излезе некој од толпата да му здрви неколку шамари на Жерновски

by Фокус

Опозицискиот СДСМ во  Центар обелодени скандалозни разговори меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои тие договораат сценарио како да излезат граѓани, кои ќе прават проблеми и во општината и надвор од неа.

Во вториот сет разговори може да се слушне како Груевски му наредува на Јанакиески демолирање на општина Центар, да се соберат 2.000 луѓе кои ќе правата проблеми, а дури може да организираат некој што ќе излезе и на градоначалникот на општината Андреј Жерновски ќе му удри четири-пет шамари. Исто така, тој бара да се соберат граѓани – верници, нивни сопартијци, божем намерата е да се одбрани црквата „Св. Константин и Елена“, а некој од нив да излезе и во лутина и револт, како што вели „да му здрви неколку шамари на Жерновски“.

Поврзани новости