СДСМ: Груевски ги покачува цените додека отпишува долгови

by Фокус

Никола Груевски треба да одговори дали кога најави отпишување долгови на социјални категории граѓани, во план ги имаше ненајавените ценовни шокови, го прашаа премиерот од опозицискиот СДСМ.

„Власта  не само што нема срам, туку нема ни совест. Не само што го најавија покачувањето на патарините во момент кога Македонија жали по трагично загинатите пилоти, не само што не чувствуваат одговорност да го објаснат пред граѓаните бранот поскапувања на струјата, бензините, патарините и последиците што ќе повлечат редица други покачувања. И по 8 години владеење, сеуште бараат виновници во другите“, соопштија од најголемата опозициска партија.

Поврзани новости