Владата го прогласи понеделник за ден на жалост

by Фокус 16:45
16:45

Владата на денешната седница одлучи понеделник да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Македонија, поради трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на Министерството за внатрешни работи, Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, соопштија од владата.

Претходно, во текот на денот, писма сочувство до семејствата на загинатите им испратија претседателот Ѓорге Иванов, првиот човек на собранието Трајко Велјановски, а жалење за несреќата преку писмено соопштение изрази и опозискиот СДСМ предводен од Зоран Заев.

- Advertisements -

Поврзани новости