399
Социјалдемократскиот сојуз со соопштение се огласи со реакција на изјавите на Никола Груевски, кој рече дека ДУИ и СДСМ заговарале „дефакторизација” на македонскиот народ.
– Се виде дека се што тој тврдеше е лага. Нема федерализации, нема кантонизации, нема редефинирања. Има само „дефакторизација“ на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто одбројува часови до својот политички крај. Затоа власта во заминување е немирна, а граѓаните се спокојни – стои во реакцијата СДСМ.
Во соопштението се додава дека Груевски ги употребува своите последни сили за да им наштети на нив и на државата, во очајните обиди да се спаси себеси.