СДСМ и ДУИ спремаат редефинирање на државата, се јави Груевски

by fokus

По долгиот молк на Никола Груевски, кој откако го врати мандатот за состав на влада, скоро и да не се појави во јавност, денеска излезе со став за преговорите меѓу СДСМ и ДУИ.

Груевски обвини дека партиите спремаат „дефакторизација” на македонскиот народ и редефинирање на државата. За овие обвинувања, Груевски немаше аргументи, но затоа порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застанела во одбрана на државата.

-Она што сега се случува, покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја редефинира Македонија. Но, морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе стојат цврсто во која било ситуација на браникот и одбраната на државата и националните интереси – изјави Груевски.

Поврзани новости