439
Од опозицискиот СДСМ денеска го повикаа Никола Груевски да се појави во Собранието, на надзорната расправа на која треба да се детектираат пропустите во справувањето со поплавите.
-Утре Груевски мора да се појави во Собранието на надзорната расправа за поплавите. Груевски беше 10 години премиер и јавноста од него очекува одговори што направиле тој и неговата власт и уште поважно, што не направиле тој и власта за да дојде до катастрофалните последици од поплавите, загуба на човечки животи и огромни материјални штети. Одговорност за поплавите и последиците од нив мора да има и ќе има- порача СДСМ.