Дали турската фирма Веибо груп во Скопје дели откази на вработените? Дали наводната фабрика на Веибо груп во Ранковце со наводни 5.000 вработени што ги најави Никола Груевски ќе остане уште една виртуелна инвестиција на заминатиот премиер? Дали со отпуштања на вработени во административниот центар на Веибо груп во Скопје почнува да се реализира најавата на турската фирма дека се предомислува за Ранковце и бизнисот сепак го селат во соседството? Сите овие отворени прашања ги поставува СДСМ барајќи од Груевски да објасни каква штета ќе има ова врз граѓаните на Македонија.
– Никола Груевски лично има обврска да им објасни на граѓаните! Денеска кога Груевски ќе се фотографира во Илинден и во Кичево, нека каже прво зошто излажал за Веибо груп и Гентерм! Во прилог на ова соопштение се фотографии од Ранковце каде досега, според Груевски, требаше да има фабрика и 5.000 вработени. Локацијата е ископано земјиште и пустелија. Само таблата за виртуелната инвестиција и асфалтирана писта за хеликоптерот на турскиот инвеститор кој никогаш не слета во Ранковце сведочат за филмот на Груевски. Бројот на вработувања наместо 5.000 е нула. Груевски треба да одговори во чии џебови завршуваат милионите евра пари на граѓаните? – реагираа од најголемата опозициска партија. .
Според СДСМ, од Македонија заминала и индиската компанија Индоминерали, турската фирма Улак Амбалаж, не дојде холанскиот инвеститор во Свети Николе кој излезе дека бил првоосомничен во неговата земја за затајување данок од 10 милиони евра.