СДСМ преку соооштение го обвини Груевски дека е исплашен од избори затоа што ќе доживее пораз, а неговите настапи пред членството, како тоа денеска пред младите на ВМРО ДПМНЕ, е обид лажно да ја засилува позицијата.
-Креаторот на сите проблеми во Македонија, виновникот за иселувањето на младите, за економското пропаѓање на земјава и за најдлабоката политичка и државна криза, Никола Груевски, очигледно има голема потреба да го смирува своето членство со лажно силење и говори полни со излитени фрази.
Човекот којшто е на власт преку изборни манипулации и злоупотреби, кој заедно со своите најблиски соработници владее со измами, притисоци, уцени и лично е вмешан во милионски криминални зделки е уплашен од соочувањето со сопствената одговорност.Во неговите очи се гледа стравот, паниката, агонијата од губењето на власта и соочувањето со сите криминали и сите злоупотреби што ги направил во изминатите години.Затоа Груевски по секоја цена сака да избега од фер, слободни и демократски избори. Затоа што на фер и демократски избори народот ќе му испорача на Груевски огромен, катастрофален пораз после којшто целосно ќе биде збришан од политичката сцена.
Од таков изборен пораз Никола Груевски нема да може да избега. Граѓаните чувствуваат дека тоа е стратешки интерес на Република Македонија и нејзината иднина.Слободни, фер и демократски избори може да обезбеди само Влада без Никола Груевски- стои во соопштението на СДСМ.