Груевски: Заев да распише избори за Струмица

by Фокус 17:49
17:49

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер,Никола Груевски, денеска од партиска конференција го повика претседателот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев да распише предвермени избори за градоначалник во Струмица и да се повлече од функцијата, поради, како што рече, видео-снимката на која бара мито, од бизнисмен. Таа снимка власта ја користи како начин да го дискредитира Заев, иако таквиот материјал доколку се користи пред судот и не смееше да се објави.

– Ако Заев има барем ронка доверба во себе и во својата политика, го повикувам да распише предвремени градоначалнички избори во Струмица оваа есен, особено после онаа видео снимка на која отворено и срамно бара мито од бизнисмени, раскажува како тоа таков бил редот за земање арач од сите, за работи кои се обврски на општината да ги заврши на секој еден граѓанин. Замислете таков човек за Премиер!!!? Истото ќе почне да го прави со сите домашни и странски компании, кои една по една ќе почнат да се повлекуваат и да ги затвораат новоотворените работни места. Независно дали тој или некој друг од овој тим ќе биде премиер, а самиот Заев шеф на партијата. Бидејки моќта секој еден политичар ја црпи од партијата, за која народот се произнесува на избори – рече Груевски на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа денеска во Скопје.

- Advertisements -

Поврзани новости