СДСМ: Граѓаните плаќаат за 75% поскапа струја од увоз

by Фокус

Граѓаните и фирмите во Македонија плаќаат дури за 75 проценти поскапа струја од увоз, тврдат од опозициската СДСМ. Оттаму денеска на прес-конференција објаснија дека власта и покрај потрошените 60 милиони евра народни пари за реконструкција и доопремување, сепак го откажала Блок 1 во РЕК Битола поради нов дефект.

Пратеникот Васко Ковачевски наброја неколку критериуми поради кои струјата е толку скапа.

– Вкупното производството на струја неколку години во континуитет опаѓа. Поради нестручно, неодговорно и некомпетентно однесување, РЕК Битола произведува помалку струја наместо повеќе. Според информациите со кои ние располагаме, повеќе од 40 дена во застој е и производството на струја од ХЕЦ Маврово. А пак од почетокот на оваа година не работи ниту РЕК Осломеј. Тоа се 500 мега вати помалку домашно произведена електрична енергија, истакна Ковачевски.

Тој обвини дека Владата на Никола Груевски, не само што не изградила ниту еден нов енергетски капацитет, туку, според него, Македонија ја направил зависник од скапа увезена струја.

-Пред десет години, Македонија произведуваше многу повеќе струја а увезуваше многу помалку. Затоа и цената на струјата беше помала. Цели 8 години СДСМ укажува на погубната политика на оваа власт за состојбите во енергетскиот сектор, истакна Ковачески.

 

Поврзани новости