Прегазил девојка и ја оставил да починe

by Фокус

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Куманово е прегазена 32-годишната Марија Н., која поради тешките телесни повреди починала на самото место. Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 18,30 часот на автопатот Куманово- ГП„Табановце“, поточно под надвозникот од ул. „11-ти Октомври“.

-Непознато лице управувајќи автомобил со странски регистарски ознаки, удрило во пешакот Марија Н.(32) од Куманово и по незгодата го напуштило лице местото. Од здобиените повреди пешакот Марија Н. починала на самото место, велат од МВР.

Телото на починатата е предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршиле екипи на обвинителството и од СВР Куманово. Набрзо по сообраќајката било пронајдено возилото, но шоферот избегал. Полицијата трага по него.

Поврзани новости