Владејачката СДСМ преку соопштение вели дека договорот со кој се става крај на 25 годишниот спор со Грција е демократски чин којшто ја обезбедува иднината на граѓаните и државата и го гарантира македонскиот иденитет еднаш засекогаш.
Велат, доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за граѓаните и државата треба прво да расчисти со криминалот во сопствените редови, да излезе од матрицата на поделби, деструкција и конфликт и да учествува во процесот што овозможува граѓаните да одлучат, за македонската иднина.
„Никој не смее да ја кочи иднината на Македонија и затоа последниот збор за овој Договор ќе го имаат граѓаните. Токму граѓаните, на референдум, ќе се изјаснат и ќе оценат дали ВМРО-ДПМНЕ се за или против македонската иднина“, стои во соопштението.