Социјалдемократскиот сојуз ветува дека по изборите ќе воведат мерки преку кои граѓаните ќе имаат увид како се трошат државните пари.
-Ќе воведеме мерки преку кои секој граѓанин од својот компјутер ќе може да провери колкава е платата на секој јавен функионер и дали и колкави надоместоци зема за патни или други трошоци и слично.Ова ќе претставува важен чекор во спречување на злоупотребите на властa. Секој министер ќе знае дека негов контролор е секој граѓанин на Македонија. – рече денеска Рената Тренеска Десковска, член на ИО на СДСМ.
Таа додаде дека за поголема транспарентност на Владата пред Собранието, наместо еднаш во месецот, пратеничките прашања ќе се одржуваат еднаш неделно.
-Ова се само дел од мерките кои ќе ги обезбедиме со цел да оствариме вистинска транспарентност на клучните државни институции. Со ваквите мерки имаме план да создадеме праведно и сигурно општество. Граѓаните ќе вршат контрола над власта, а власта ќе работи транспарентно и единствено во служба на граѓаните – рече Тренеска –Десковска.