СДСМ: Граѓаните чекаат Спасов да се појави и да каже што правел во петокот ноќта

by fokus

Недозволиво е Диме Спасов пет дена да се крие, мора да излезе пред граѓаните и да им објасни што сè правел во петокот ноќта, и денеска реагираат од СДСМ откако Спасов и по пет дена од сообраќајките кои ги предизвика се уште се нема појавено во јавноста.

-Граѓаните чекаат Спасов како дополнителен заменик министер за труд и социјална политика да објасни зошто возел автомобил кој е на Агенцијата за вработување!?  И зошто на тоа возило ставил гориво со картичка од Министерството за труд и социјална политика односно со пари на граѓаните. Граѓаните чекаат одговор зошто Спасов исчукал возила низ Скопје и бегал со километри, шибајќи преку повеќе улици, пред да биде запрен од полицијата, како да е во акционен филм? Граѓаните мора да слушнат од него зошто бегал од полицијата со трчање што го покажува неговото неодговорно и непресметливо однесување. Спасов мора да одговори зошто кукавички пратил друг за да лаже дека возел наместо него, само за да се спаси од одговорност, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ бараат Спасов веднаш да си даде оставка и да ги остави останатите три возила со коишто противзаконски располагал, а се на Агенцијата за вработување.

Поврзани новости