Поништен изборот на Филип Петровски за научен соработник на Институтот за национална историја

by fokus 11:40
11:40

Рецензентската комисија го поништи изборот на Филип Петровски за виш научен соработник на Институтот за национална историја(ИНИ) на Филип Петровски, кој е директор на Државниот архив.

Во Билтенот на УКИМ стои дека рецензентската комисија го повлекла доставениот и објавен реферат за избор во звање виш научен соработник на Филип Петровски, поради процедурална грешка на одговорните(управните) органи на ИНИ поврзана со критериумите за избор.

- Advertisements -

-Со оглед на тоа што пропустот е констатиран во законски утврдениот рок од рецензентската комисија, која не е задолжена за процедурални постапки, а со цел да бидат почитувани законските одредби за предвремен избор во звање и останувајќи на својот позитивен став изнесен во рефератот за кандидатот, рецензентската комисија во утврдениот рок од 15 дена го повлекува доставениот и објавен реферат за избор во насловно звање виш научен соработник на д-р доцент Филип Петровски, стои во образложението.

Според Законот за високо образование виш научен соработник може да биде лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира. Петровски е доктор на политички науки, а не на историски науки.

Поврзани новости