469
Опозициската СДСМ, на прес-конференција од Прилеп во моментот ја објавува 17-та бомба. Сашо Велески, претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, истакна дека телефонските разговори кои што ќе ги објават докажуваат за упадот на власта во Припеп.
-Ќе слушнете со која леснотија делеле казни од неколку илјади евра. Ги казнувале сите фирми кои не соработувале со нив, истакна Велески.
Тој додаде дека градоначалникот Маријан Ристески своите граѓани ги нарекува „специјалка“.
-Градоначалникот измислува и физички напад врз симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе слушнете и како министерката Гордана Јанкуловска вели дека градоначалникот Ристески е фолирант, истакна Велески.