392
Специјалното јавно обвинителство, кое има задача да ги истражи евентуалните криминални дејства кај јавни функционери, е проблем на Никола Груевски, но не мора да биде и на ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ го нападна СЈО дека делува како филијала на социјалдемократите.
-Сметаме и се надеваме дека внатре во ВМРО-ДПМНЕ постојат се уште здрави политички сили коишто ќе го променат ова криминално раководство и за доброто на нивната партија и за доброто на Македонија. Македонија ќе опстане, ВМРО-ДПМНЕ, ако продолжи со вакви политки, ќе исчезне од политичката сцена – порача Петре Шилегов од СДСМ.