Пратеникот Попоски пријавил различен имот од министерот Попоски

by Фокус

Премиерот Емил Димитриев и тројца министри кое беа избрани за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Тодоров, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, поднеле два анкетни листа до Антикорупциската комисија, со тоа што Попоски поднел различни податоци во двата анкетни листа, реагираше Петре Шилегов од СДСМ.

-Министерот Поповски има стан во Брисел од 13 милиони и 800 илјади денари. Пратеникот Поповски има стан во Брисел од 14 милиони денари. Министерот Поповски има Ауди од 900 илјади денари. Пратеникот Поповски има Ауди од 860 илјади денари. Сопругата на пратеник Поповски има за 10.000 евра поголеми заштеди во Белгија од сопругата на министерот Поповски… – истакна портпаролот на СДСМ.

Според него, тие треба кривично да одговараат, бидејќи, според Изборниот законик, пратеничката функцијата е неспоива со ниедна друга јавна функција.

Поврзани новости