Новата реформска Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев ги отвора Европските перспективи за Македонија и нејзините граѓани.
Тие посветено и напорно започнаа да работат на деблокада на евро-аталнтските интеграции кои беа закочени од неразумните политики на поранешната режимска власт на Никола Груевски, се вели во соопштението на СДСМ.
„Отвореноста и транспарентноста на институцијата Влада, којашто им припаѓа на граѓаните, се меѓу првите демократски придобивки коишто граѓаните веќе ги чувствуваат.
Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ им должат објаснување на граѓаните на Р.Македонија за која цел и за чии интереси 11 години ја уназадуваа земјата во евро-аталнтските интеграциски процеси и со тоа ја оддалечуваа од цивилизираниот демократски свет“, велат од СДСМ.
„Стратешка цел на Р.Македонија е влез во ЕУ и НАТО, а Груевски 11 години го оневозможуваше и кочеше овој процес од клучен интерес за граѓаните и државата. Затоа,чесните членови, активисти и политичари во ВМРО ДПМНЕ треба да се оградат од криминалните политики на Никола Груевски кои ја уназадија Македонија, ги заробија институциите и ги осиромашија граѓаните.
Неопдходно е ВМРО ДПМНЕ да работи како конструктивна опозиција водена од демократски принципи и активно да ги поддржи демократските реформски процеси за доброто и иднината на граѓаните и државата“, се додава во соопштението.