Грчки „Актор“ казнет со 50 милиони евра за перење пари за Демир Капија – Смоквица

by Fokus

Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) ја казни грчката компанија „Актор“ со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, пишуваат грчките медиуми.

Вкупната инвестиција за изградбата на оваа делница од 28 километри е 257 милиони евра, од кои 130 милиони евра се средства од Европската инвестициона банка, 70-тина милиони се заем од Европската банка за обнова и развој, 45 милиони се грант од ИПА фондовите на Европската унија, додека од државниот буџет се обезбедени речиси шест милиони евра. Вредноста на тендерот, односно на договорот со грчката компанија без ДДВ е 210 милиони или со ДДВ 248 милиони евра.

Според тогашната опозициска СДСМ, кои објавија и документи, во 2013 и 2014 година, дури 95 лица, повеќето грчки државјани, од сметките на „Актор“ во рок од десет месеци извлекле 3,5 милиони евра во кеш, преку 278 трансакции. Според нивните информации, грчките државјани организирано со автобус доаѓале во Неготино и во присуство на директорката Атина Зиога, грчка државјанка, го подигале кешот, а потоа, според СДСМ, тој кеш го оставале во земјава, бидејќи границите ги напуштале со празни џебови.

Поврзани новости