Европа и светот гледаат дека однесувањето лично на Ѓорге Иванов не се заснова на демократски начела, пристојност и здрав разум, реагираат денеска од СДСМ по средбата на Иванов со Доналд Туск.
-Затоа е таква и последната порака од лидерите и институциите на ЕУ, што во Македонија ја пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Иванов и Груевски не смеат повеќе да работат на создавање бинационална држава и да го кочат заедништвото, посебно кога е тоа јасно нагласено за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО. Интеграциите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија. Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.
Од партијата додаваат дека за заедништво се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати.