555
Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата „Фич“ е поради енормното на задолжување во изминатите осум години и корупциските скандали на власта, реагираат од СДСМ.
– Колку за споредба, кредитната агенција „Стандард & Пурс“ веќе двапати во изминатите осум години го намали кредитниот рејтинг на Македонија, во услови кога не ни беше почната политичката криза во Македонија – се додава во соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека земјата нема простор за нови задолжувања, а 55 милиони евра за поплавените можат да се обезбедат без заем, ако владата се откаже од Панорамското тркало и Рајската градина.