Дете бомбаш самоубиец го извршилo нападот во Турција

by fokus

Дете на возраст од 12-14 години се саморазнесило на свадбата во турскиот град Газиантеп, информира турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во бомбашкиот напад загинаа најмалку 50 луѓе, а стотина се повредени. Ердоган за нападот ја обвини Исламската држава.

Инаку, градот Газиантеп е главно населен со Курди и се наоѓа во југоисточниот дел од државата, на околу 60 километри од границата со Сирија. Во истиот град во мај беа убиени двајца полицајци исто така од бомбаш самоубиец.

Поврзани новости