ВМРО – ДПМНЕ повторно игра на популистичка карта, обидувајќи се постизборното фијаско да го замени со градење рејтинг врз лаги и манипулации. И овој пат гази по човечките судбини, реагираа од Општинскиот комитет на СДСМ од Прилеп.
„Марјан Ристески во изминатите години ангажирал и по 170-ина лица преку договори за услуги, договори по разни основи, во обид да купува гласови, да ги држи граѓаните во неизвесност. Ги ангажирал и им ги прекинувал договорите кога сака и како сака. Им давал лажна надеж дека ќе ги вработи на неопределено време. Новата локална власт затекна околу 60 ангажирани лица со договори за услуги по разни основи, на кои договорот којшто го склучиле со Марјан Ристески им заврши на 31 декември – се наведува во соопштението на СДСМ.