СДСМ: Едно паркинг место во катна гаража го чинело народот 50.000 евра!

by Фокус

Нели власта на Груевски најави дека Скопје 2014 ќе чини 80.000.000 евра?! Е толку чинат само 6 катни гаражи во Скопје, истакна на денешната прес- конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој истакна дека две од гаражите се недоправени, па како што рече, за нив ќе се потрошат уште народни пари. Додаде и дека најмалку две од овие гаражи се распаѓаат.

-Но она што ќе ве шокира како и нас е следново: дека за само едно паркинг место плаќаме до неверојатни 50.000 евра! Еве да ја земеме за пример катната гаража од „Скопје 2014“, Даме Груев. Чини над 30.000.000 евра. Капацитетот на гаражата е 600-тини паркинг места. Ова значи дека граѓаните на Македонија, за само едно паркинг место, во оваа катна гаража, плаќаат 51.593 евра!

katna1

Катната гаража на Мито Хаџивасилев Јасмин, чини 12.000.000 евра. Има капацитет од 445 паркинг места. Тоа се речиси 30.000 евра за едно паркинг место!, истакна Шилегов.

katna2

Тој додаде дека нелогичностите не биле само во илјадниците евра за едно паркинг место, туку како што истакна, ако веќе чинеле милиони требало барем добро да бидат направени.

-За патриотската гаража Солунски конгрес, позади Пошти, отишле 7.300.000 евра пари на граѓаните. По само месец и половина лифтовите почнаа да тресат, а на столбовите им затребаа стабилизатори.

katna3

Само некој километар понатаму, во мувла и влага се топат 5.700.000 евра што ги изеде гаражата кај Судска палата. Значи, „Скопје 2014“ требаше да чини 80.000.000 евра, а само за овие шест катни гаражи во центарот на Скопје, власта на Никола Груевски потроши над 72.000.000 евра. Досега!, истакна Шилегов.

katna4

Поврзани новости