СДСМ: Единствена цел на Мицкоски е да го кочи напредокот на државата

by Fokus

Единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ, реагираат од СДСМ во соопштение до јавноста.

-Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, со најава за некакви блокади на институциите покажува дека единствената битка што ја води е како да си ја сочува партиската фотелја, а не како да и помогне на државата. Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде се појавуваат се помалку граѓани. Пред нив, Мицкоски го навреди целиот македонскиот народ дека е хистеричен. Но, граѓаните воопшто не се хистерични. Одамна го препознаа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги поразија поради антидржавно и антиевропско дејствување кое е на штета на државните и националните интереси, се вели во партиското соопштение.

Во соопштението се додава дека „граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет.“

Поврзани новости