ВМРО-ДПМНЕ: Заев попусто се пишува Македонец ако продава јазик и идентитет

by Fokus

Зоран Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани, неговото во политиката завршува како што и почна со предавство и понижувања донесени на целиот народ, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

-Потребата да пишува дека е Македонец кај Заев се јавува зошто продава се друго. Попусто се пишува Македонец ако тоа не е признаено од соседите и ако продава јазик, историја, идентитет. Четири години Заев е власт и четири години немаме мрднато на полето на евроинтеграциите. Четири години е власт и Заев нема идентитетско обележје кое не го има донесе под прашање, се вели во соопштението.

Во партиското соопштение се додава дека „оваа битка на Заев е да ја сочува фотелјата во СДСМ, а внатрешните проблеми сака да ги прикаже како проблеми на државата“.

-Изворот на сите проблеми е Зоран Заев. Премиерот во заминување Заев и неговата квислиншка влада мора да паднат за да Македонија почне да победува. Нема друг премиер во светот кој молчи на навредите од официјални лица од други земји како што тоа го прави Зоран Заев. А, молчи зошто квинслингот Заев има путер на главата. Затоа што игра нечесно и се коцка со светите работи на народот. Доста е, Заев мора да си оди за да дојде слобода за народот, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости