Гладна кокошка, просо сонува, напиша потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на фејсбук, што, според дел од медиумите, се однесува на објавата на весникот Коха дека СДСМ, ДУИ и ДПА постигнале договор за парламентарно мнозинство, кој предвидува во првите 3 години премиерот да е од СДСМ, а во четвртата година владата да ја води премиер-Албанец.
Висок функционер на СДСМ за 360 Степени изјавил дека партијата е против концептот за ротичарки премиер и воедно додава дека разговорите за формирање на ново мнозинство ќе започнат после 4 август, кога партискиот лидер Зоран Заев ќе се врати од одмор.
Претходно, и Артан Груби од ДУИ ја демантираше веста на Коха, истакнувајќи дека воспоставените постизборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални и пријателски.