СДСМ, ДУИ и БЕСА се потпишаа на иницијатива за распишување на референдум

by fokus

Пратенциите од владејачкото  мнозинство најавија дека претпладнево ќе ја достават иницијативата за распишување на референдумот за името до претседателот  на Собранието, Талат Џафери.

Според информациите од пратеничката гурпа на СДСМ, нивните пратеници веќе ги собрале потписите за иницијативата за распишување референдум ,а на неа се потпишани и пратеници од ДУИ и од БЕСА.

Се чека да заврши координацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по што и ним ќе им биде понудена иницијативата. После оваа средба се очекува и официјално да биде соопштен ставот на опозициската партија во врска со референдумот и референдумското прашање.

Во Предлог-одлуката што ќе биде доставена до претседателот на Собранието е содржан датумот – 30 септември за одржување на референдумот и е содржано референдумското прашање кое, според информациите од СДСМ, е исто онакво какво што го предложи премиерот Заев и: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Во Собранието во 10 часот започна средбата на претсетадателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа средба се очекува да произлезе информацијата во колку часот би можела да биде закажана седницата за распишување на референдумот. А за нешто подоцна, претпладнево е најавена и координација на пратеничката група на СДСМ, на која, како што посочија одредени пратеници, би можело да се очекува и присисуство  на премиерот Зоран Заев.

Во Собранието веќе свечени изјави дадоа членовите на ДИК кои денеска ќе ги преземат своите функции. Тие треба да го организираат претстојниот есенски референдум за името.

Поврзани новости