СДСМ: ДПМНЕ ги избрка лекарите, болниците се во долгови, а пациентите понижувани

by Fokus

Преку 11 годишното коруптивно и криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ изврши егзодус во здравството, го погази достоинството на лекарите и пациентите и направи хаос во здравствениот систем, реагира СДСМ на обвинувањата на Светлана Колариќ дека примарен интерес на Заев и Таравари е да ги полнат клиниките со партиски, корумпирани и непрофесионални кадри.

– Поради коруптивните политики на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството, стотици лекари заминаа од државата, здравствените установи работеа во долгови и без соодветна опрема, пациентите беа понижувани, а здравствениот систем со години беше еден од најлошите во Европа“.Според официјалните информации од Министерството за здравство, случајот за кој денеска обвинува ВМРО-ДПМНЕ досега не е пријавен ниту регистриран ниту во Министерството, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Надлежните институции треба до крај да го расветлат случајот, а ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со ширењето паника и вознемиреност – се наведува во партиското соопштение од СДСМ.

Поврзани новости