По реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, дека во времето на СДСМ само се затворале фабрики, а денес се отвораат, опозициската партија испрати нова реакција.
-Сигурно не сите од ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат со политиките на Груевски и фамилијарно-кумашинската врхушка којашто 9 години диктираа едни исти соопштенија полни со манипулации и лаги, но се додека дозволуваат да се уништуваат човечки животи и државата, тие се нивни соучесници, стои во реакцијата на СДСМ.
Од опозициската партија велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски „немаат право да зборуваат за душа, после се што слушнавме дека правелe во проектот Вистината за Македонија“.
-Груевски со своите партиско – владини соработници се изживувал врз човечки судбини, местел бркања на цели семјства од работа, местел затворања на фирми, глоби во илјадници евра што оставија луѓе на улица, менувал закони – не за црква туку за богатство и милионски парцели, пикале пиштоли во уста, неправедно местеле луѓе по затвори и перверзии, планирале семејства во ендек, рушеле милионски инвестиции и уживале во глетката, оставале пензионери да се качуваат и слегуваат во висококатници пешки, кога ги краделе изборите. Што се однесува до економијата, си кажа кумот на Груевски, Ставрески, „ненормално“ ги задолжиле граѓаните и државата, пишува во реакцијата на СДСМ.