ЗАЕВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФОКУС: нема пазар за МРТВ, мора да се ослободи од стегите!

by Фокус

Во интервју за Фокус лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека нема да има пазар за МРТВ.

ФОКУС: Во делот на МРТВ се спомена решение, првиот канал да остане како што е, а да се ослободи нов канал и да ѝ се даде на опозицијата, или на слободоумната јавност, но не ми изгледа логично вакво решение. Нели тоа е повторно поделба?

ЗАЕВ: Не, ние сакаме МРТВ за Македонија да биде како ХТВ за Хрватите. Јас прифаќам критика и кога сум опозиција, а уште повеќе ќе ме радува ако ја имам како власт. Не сакаме пазарење, овој канал за владата, овој за опозицијата. Не, МРТВ треба да биде целосно независен медиум што ќе ја одигра својата клучна улога на коректор. Нема да има пазарење, МРТВ мора да понуди простор, не само за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку за сите, и аналитичари и експерти и помали партии. Мора да биде непристрасен медиум, за сите партиципиенти во опшетството.

Целото интервју на Заев во кое меѓу другото, детално зборува и за улогата на медиумите и начините како да се стигне до тоа, преку системски и персонални промени во Агенцијата за медиуми и МРТВ, можете да го прочитате во новото издание на Фокус.

Поврзани новости