СДСМ: ДПМНЕ да не блокира закони што носат повеќе пари за граѓаните

by Fokus

“ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да се откаже од блокадите и опструкциите на Собранието” и со тоа да ги поддржи предложените законски измени кои “се од клучно значење за граѓаните особено за економско ранливите категории”, побара владеачката СДСМ денес од нивните колеги од опозицијата.

Според СДСМ, овие закони ќе придонесат за повеќе пари кај граѓаните, за намалување на социјалните разлики и за исправање на децениската неправда со стечајните работници”.

“Со усвојување на Законот за минимална плата, сите вработени во сите стопански гранки ќе добиваат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари. Тоа ќе важи и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки, кои веќе нема да бидат дискриминарани и да добиваат пониска минимална плата како досега – се наведува во соопштението од владејачката партија.

Поврзани новости