Пијан татко ги претепал децата и ги заклучил во подрум

by Fokus

Маж од Гевгелија синоќа бил приведен во полиција бидејќи физички ги нападнал своите две малолетни деца, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, таткото со стап ги нападнал најпрвин во станот, а потоа и во подрумските простории, каде ги заклучил со катанец. Од страна на униформирани полициски службеници извршено е алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол од 1,77 промили и истиот е задржан во Полициската станица во Гевгелија.

Децата се згрижени од страна на социјалните работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија.

Поврзани новости