СДСМ: Договорот го гарантира македонскиот идентитет

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да ја напушти матрицата на изолација, поделби и деструктивност и да го поддржи договорот којшто става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија надолу и го зајакнува и зацврстува македонскиот идентитет, се наведува во соопштението на СДСМ.

-Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет и никој повеќе нема да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

Членството во ЕУ и НАТО се врвен државен и национален интерес и затоа, ако се води од овие интереси ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Договорот со кој се отвора европската перспектива на Македонија и да каже ДА за македонската иднина, велат од СДСМ.

Поврзани новости