Христијан Мицкоски лаже! Без никаков срам Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните дека за периодот додека го советувал Никола Груевски не добивал пари, реагираат од владејачката СДСМ.
„Јавно објавените документи во медиумите покажуваат дека додека Мицкоски му бил советник на Груевски, за неговиот ангажман граѓаните платиле речиси 2 милиони денари. Се потврди она што граѓаните веќе го знаеја. Христијан Мицкоски ги лаже граѓаните исто како и Никола Груевски. Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, Христијан Мицкоски ги чинел граѓаните 2 милиони денари. Затоа Мицкоски го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и не се извини за пустошот што и го направија на Македонија во изминатите 11 години – се наведува во партиското соопштение.