Излегол од автомобил, го онесвестил и побегнал

by Fokus

Двесет и двегодишен скопјанец бил нападнат од непознато лице, при што изгубил свест, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 07.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Г.Б. (22) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 05.00 часот на ул. „22“ во Скопје бил пресретнат од возило од кое излегло едно непознато лице кое со тврд предмет го удрил по лицето, по што изгубил свест. Потоа, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости