686
СДСМ го смета за позитивен ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека неговата партија се откажува од, како што велат од таму, идејата за бојкот на пописот.
„Очекуваме дека разумот ќе преовладее кај сите и дека по цели 19 години Република Северна Македонија ќе спроведе попис без мешање на политиката, солгасно стандардите и праксите на Евростат и Обединетите Нации“, стои во соопштението на СДСМ.
Мицкоски претходно кажа дека ако власта не ја прифати нивната иницијатива за укинување на Законот за попис ќе повикаат на масовно попишување.