1.2K
Првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати денеска, според претходните најави на раководството на владејачката партија.
Објавата на овие имиња се очекува да биде по одржувањето седница на партиското раководство, информираат од партијата. СДСМ вршела истражувања за 20 општини, а потоа следувале постапки во самите општински организации.