360
Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори на 15 октомври, денеска на шестиот ден од кампањата ќе одржат митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места низ Македонија.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Росоман и митинзи во Демир Капија, Неготино и Кавадарци.
Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе биде во Гостивар и Тетово.
Демократската унија за интеграција ќе има предизборни активности во Брвеница и Теарце.