Британскиот амбасадор Герет следната година заминува од Македонија, на негово место Галовеј

by Фокус

Рејчел Галовеј ќе биде новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија, која ќе стапи на функцијата во јули следната 2018 година.

Таа ќе дојде на местото Чарлс Гарет, со кого претставници на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во тивка но и отворена војна, бидејќи сметаа дека неговата криза има уддел во политичката криза со прислушувањето и ја зазема страна на СДСМ.

Во тој контекст, кога Герет предвиде и изрази очекувања дека Македонија до 2017 година ќе биде една од економски најперспективните земји во регионот, судскиот систем ќе биде целосно независен, ќе се почитува владеењето на правото и ќе стане дел од НАТО и ЕУ, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на Твивер иронично му напиша дека се покажал во сегашноста, па се занимава со иднината.

Поврзани новости