СДСМ демантира дека Ременски била членка на ДПМНЕ

by Фокус

Откако во провладините медиуми излезе информацијата дека идната министерка за труд и социјална политика од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, порано имала потпишано пристапница во ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ денеска остро ја демантираат оваа вест.

-Паниката кај Груевски е се поголема. Потпретседателката Фросина Ременски никогаш не била член на ВМРО-ДПМНЕ и никогаш лично нема потпишано пристапница во оваа партија, се вели во реакција на СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека Груевски знаел дека преземањето на контролата над власта од страна на граѓаните значи демонтажа на неговото погрешното владеење коешто им одзема 10 години живот на граѓаните.

-Толку е големо незадоволството и разочараноста на членовите на ВМРО-ДПМНЕ што чесните луѓе масовно го напуштаат Никола Груевски секој ден. Сите граѓани знаат многу добро дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го напуштаат Никола Груевски, се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости